Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, синоќа на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“.
Ахмети меѓу другото рече дека ја поддржува идејата на премиерот Мицковски во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.
Заедничкото одржување на парламентарните и локалните избори во октомври 2025 година, исто така, им овозможува на граѓаните и на државата да заштедат десетици милиони евра во 2029 година, бидејќи локалните, парламентарните и претседателските избори ќе се организираат заедно.
„Самиот Мицкоски вчера изјави дека ќе имаме предвремени парламентарни и локални избори по една година. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат, нека се подготват добро по една година на терен на избори со ВМРО, а ние на избори со сите оние кои не мислат како нас и се претставуваат како претставници на Албанците во институциите на државата“, изјави синоќа првиот човек на ДУИ Али Ахмети.
Демократска унија за интеграција
Фото: МИА архива