Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп победи во сојузната држава Северна Каролина, освојувајќи 16 електорски гласови.

Тој во моментов води со вкупно 230 електорски гласови, додека кандидатот на Демократската партија Камала Харис освои 187 електорски гласови.

Според АП, ова е првата „колеблива“ држава во која победи Трамп.