Најниска температура од минус осум степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 5 степени целзиусови во Крушево.

УХМР информира дека минус 5 степени целзиусови се измерени во Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, и 2 степени во Охрид, Виница, Попова Шапка.

Во текот на ноќта времето било претежно ведро, тивко и студено. Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини има појава на слаба магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен

Во Скопје студено утро со појава на магла во делови од котлината. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 2, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на постудена воздушна маса од север, утре (недела) дневната температура ќе опадне за пет до седум  степени.

-Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Фото: МИА архива