Републиканецот Доналд Трамп ја победи кандидатката на демократите Камала Харис во сојузната држава Невада, каде што освои шест електорски гласови. Тој освои 50,7 отсто од гласовите, додека Камала Харис 47,4 отсто.

Ова е прв пат во последните 20 години Невада да избере републиканец на претседателските избори.

Трамп сега има вкупно 301 електорски глас, додека Харис има 226. Трамп досега освои шест од седумте сојузни држави.

Останува само да се пребројат гласовите во Аризона.