Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, привлекување на странски инвестиции и инвестиции во општините, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија. ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите за нова економска трансформација на државата и инвестира во општините. ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развојот на општините насекаде во државата, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес, а со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани во Велес“, се вели во соопштението.
Натаму се додава:
„Се инвестира и во хидросистемите во земјата а по речиси тригодишен застој се пушти во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања. ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 % вкупно до 2028 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи и на проекти кои имаат стратешко значење за државата како коридорите 8 и 10 д“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за цел Македонија да ја претвори во важна раскрсница во Европа и тоа енергетска, железничка и транспортна раскрсница, додаваат од владејачката партија.