Мислам дека она што го вети претседателот Трамп е контрола на агенциите за јавно здравје. Големата вест е дека Кенеди јуниор сугерира дека ќе избрка или отпушти 600 вработени кои припаѓаат на Националниот институт за здравство (каде припаѓа и агенцијата со која раководи Фаучи и која ја финасираѓше лабораторијата во Вухан од каде излезе корона вирусот, н.з.).
Едно нешто што сакам да напоменам е дека сè уште не е потврдено дали РФК ќе советува или ќе биде задолжен за сè што има врска со националното здравје – што ставаме во нашите тела итн. Сепак, РФК го кажа ова за Доналд Трамп:
„Една од клучните работи за да ја направиме Америка здрава е да се ослободиме од интензивното земјоделство со пестициди“.
РФК Јуниор повтори дека Доналд Трамп му ветил некаква контрола – без разлика дали тоа е целосен надзор на сите овие организации или барем советодавна улога. Тој би имал значајна улога да ја направи Америка повторно здрава.
Сега, има прашања за тоа дали РФК Јуниор е квалификуван да носи здравствени одлуки за земјата. Еве еден клип што дека е доста интересен. РФК Јуниор водеше интензивна кампања со Илон Маск и изрази интерес за функција на ниво на кабинет.
Прашањето е дали мислите дека Сенатот би го потврдил на таква функција?
Па, мислам дека Сенатот ќе му даде голема почит на претседателот кој штотуку победи со неверојатен резултат и доби мандат да управува. Претседателите со мандат заслужуваат можност да се опкружат со луѓе кои ќе им помогнат да ги извршуваат нивните политики.
Мораме да разбереме дека секој што ќе го назначи новоизбраниот претседател Трамп има задача да помогне во извршувањето на мандатот на американскиот народ – не да го проверува или контролира Трамп, туку да му помага, а РФК Јуниор во неколку наврати докажа дека е исклучително страстен за здравјето и помагањето на САД.
Табела од која се гледа дека Американците најкратко живеат во споредба со граѓаните од другите развиени земји, а најмногу трошат на здравствена заштита во споредба со другите. Според СЗО, очекуваниот животен век во Македонија во 2021 година бил 73 години, односно 75,2 години за жените и 70,9 за мажите, што е далеку под овие бројки од табелата за развиените земји или со други зборови, Македонците живеат 10 години помалку од граѓаните на Шведска, Австралија, Швајцарија, 11 години помалку од Јапонците итн.
Важно е да се забележи дека РФК Јуниор премина од демократите во републиканското крило – значаен потег што веројатно го чинеше семејна поддршка и други сојузи. Сепак, тој го направи ова за да и помогне на својата земја. Според Марко Рубио, ниту еден сенатор или претставник не сака да биде тој што ќе го запре РФК Јуниор кога Трамп собра толкава поддршка од гласачите. Реакциите за таквиот потег би биле сериозни.
Ајде да погледнеме клип што го нагласува кредибилитетот на РФК Јуниор. во врска со здравствените проблеми:
„Граѓаните, Американците невино ги ставаат во своите тела – и најалармантно во телата на нивните деца – овие отрови и не е случајно што Американците умираат порано од Канаѓаните, Германците, Италијанците, Јапонците, Корејците, Австралијците или повеќето други споредливи земји.
До почетокот на 1990-тите, нашиот животен век беше ист или подобар од другите развиени земји. Потоа одеднаш, повеќе Американци почнаа да страдаат од хронични болести – дебелина, рак, дијабетес, бубрежна болест, Алцхајмерова болест, срцеви заболувања и автоимуни болести. Нашата стапка на смртност се искачи на највисоко меѓу развиените земји, како и смртноста на доенчињата.
Како жаба која е ставена во вода која полека зоврива и не сфаќа дека ќе биде сварена, така и ние не забележавме додека не се разболевме. Почнавме да ги прифаќаме хронични болести како нормални“.
Оваа кампања беше многу популарна и мислам дека го убеди Доналд Трамп дека РФК Јуниор го има она што е потребно. Неговата храброст да ги повика компаниите кои му штетат на здравјето на Американците му донесе многу кредибилитет. Овие компании веројатно финансираат некои политички фигури и нема да ценат да бидат изложени, но РФК Јуниор опстојува.
Повторно, никој не вели дека РФК Јуниор е експерт, но многумина – вклучително и Трамп – ја признаваат неговата подготвеност да ги поедностави сложените прашања, да ги разоткрие проблемите и да ветува директна акција, како што е отпуштање на вработени кои го попречуваат напредокот.
Тврдењето дека РФК Јуниор ќе отпушти 600 вработени во Националниот институт за здравство е насловна вест. Останува нејасно дали бројот е прецизен или тој идентификувал конкретни лица. Без разлика, Доналд Трамп, познат по својата лојалност, најверојатно ќе поддржи некој што е подготвен да преземе решителна акција. Сепак, Трамп, исто така, покажа дека нема да се двоуми да ги отпушти оние со слаби перформанси.
РФКЈуниор презема значителен ризик со тоа што чекори напред и ветува дека ќе ги поправи системските здравствени проблеми. Неговата смелост и подготвеност да го предизвика статус квото ја направија оваа приказна голема вест.