Македонската музика не е нешто што често се слуша во мојата земја – Колумбија. Сепак, неодамна ја посетив вашата прекрасна земја и се заљубив во нејзината музика. Ми се допадна песната „Море сокол пие” и решив да ја научам и да ја изведувам. Ве молам, кажете ми што мислите.

Ова го пишува Колумбиецот Јанко Пенафорт, кој објавува видеа и фотографии со македонски песни на социјалните мрежи.

– Мое име е Jанко Пенафорт. Јас сум професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија. На оваа страница сакам да ја споделам мојата страст за прекрасната македонска музика. Ви благодарам на сите за вашите коментари и споделувања, пишува на неговата страница на Фејсбук.

Погледнете ги настапите во двете видеа што подолу ги објавуваме:

Видео 1: https://www.facebook.com/61568806859366/videos/1700855670695059

Видео 2: https://www.facebook.com/61568806859366/videos/587078053998367