Во Берово утрово е измерена најниска температура од -6 степени Целзиусови. Следат Прилеп со -4, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Тетово и во Битола, -2 во Велес, -1 Кавадарци, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Претор, Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Виница и 3 степени во Крушево, Крива Паланка и во Охрид.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото е студено со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 8 до 16 степени.

И во Скопје утрово во делови од котлината има магла. Преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Според УХМР, од среда до сабота под влијание на серија влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и на повисоките места.