Пред нас е Предлог Буџет за 2025 година тежок 6,5 милијарди евра, но со скратени средствата за земјоделство и земјоделците, што негативно ќе влијае на прозиводството на храна и приходите на земјоделците.

Вкупниот Буџет за земјоделство, шумарство, лов и риболов за 2025 година е намален за 15%. Или подетално:

За 10 пати е скратена сумата предвидена за Програмата за рурален развој. Со тоа директно се крати на поддршката за инвестиции во земјоделска механизација, набавка на добиток, модернизација на земјоделски објекти, промоција на македонските производи, инвестиции во општините.

Одиме понатаму, помалку пари или воопшто не се предвидени средства за новите програми за инвестиции за малите регистрирани производители на храна и пијалоци.

Владата на СДСМ со правилни политики ја направи Северна Македонија лидер во искористеност на ИПАРД Програмата. Но, ВМРО ДПМНЕ очигледно не ја сфаќа важноста на европските фондови за развојот на македонското земјоделство.Во 2025 година Програмата за кофинансирање на проекти од ИПАРД 3 е намалена е за 14.5 %.

Помалку средства или за 30 % е намалена сумата за инвестиции за Програмата за изградба на системи за наводнување. Тоа значи дека земјоделците ќе бидат оставени без современи системи за наводнување, што директно ќе влијае врз нарушување на квантитетот и квалитетот на земјоделското производство.

И покрај предизборните ветувања за повисоки субвенции, за следната година нема раст субвенциите и тие се на исто или помало ниво.

Да заклучам, во Буџетот за 2025 нема ниту една нова политика или програма, се што е планирано е проект на Владата на СДСМ. Значи сега кога власта има отсуство на идеи, нашите политики се добри.

Дополнително, во предлог Буџетот за 2025 година Владата не ги зема предвид потребите на земјоделците за дополнителни субвенции за тутунаите, производителите на јаболка и оризопроизводтелите кои се соочуваат со ниски откупни цни. Очигледно за власта поважна е набавката на луксузни возила и скап мебел,отколку егзистенцијата на земјоделците и вреднувањето на нивниот труд.

Земјоделството е еден од двигателите на нашата економија. Кризите со кои се соочивме изминатите години,покажаа колку е важно да имаме домашна храна и затоа овој сектор заслужува посебен фокус.

Затоа, СДСМ со амандмански предлози и законски решенија ќе ги брани инетересите на земјоделците.Со дел од амандманите предвидуваме  700.000.000 денари за поддршка на младите земјоделци и зголемување на поддршката за Програмата за рурален развој.

Како одговорна партија која вистински го цени трудот на земјоделците, во парламентарната расправа ќе се бориме за повисока финансиска поддршка за земјоделците и повиски откупни цени, ќе нудиме предлози кои се применуваа и изминатите 7 години, а кои треба да бидат пример како една влада треба да се грижи за земјоделците и да биде рамо до рамо со нив.

Николовски: Откупните цени на тутунот се пониски од ланските, СДСМ поднесе закон за 100 денари линеарна субвенција

Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските и токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање.

– Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм. Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави предлог законско решение со коешто бараме линеарно за секој откупен килограм тутун а производителите да добијат субвенција се со цел да ги минат предизвиците којшто ги имаа во текот на оваа година заради тоа што има и намалено производство но и нема зголемување на откупната цена како што беше ветено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од актуелната влада. Тоа значи дека тутунопроизводителите се изманипулирани дека не се цени нивниот труд и дека нема конкретни мерки за поддршка којшто воопшто не ги гледаме ниту во предлог буџетот за 2025 г. Денеска гледаме дека нема зголемена откупна цена дека имаме процена на тутунот по класи каде што ќе имаме и пониски откупни цени за одредени категории на тутун имаме и пониска, односно намалена субвенција, што значи намален доход и приход на земјоделците. Токму затоа сметаме дека она што минимум треба да го направиме е 100 денари линеарна субвенција за секој еден откупен тутун кон сите тутунопроизводители, рече Николовски.

Тој потсети на мерките на СДСМ кои придонесоа за рекордно највисоки откупни цени на тутунот минатата година но и на манипулациите на актуелната власт и министерот Трипуновски.

– СДСМ минатата година ја зголеми субвенцијата на 100 денари по килограм на откупен тутун. Минатат година актуелниот министер за земјоделство ветуваше дека и откупната цена на тутунот по килограм треба да биде 600 денари, 560 денари итн. притоа заборавајќи дека тутунопроизводителите многу добро се сеќаваат на времето во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога откупната цена беше и 120 и 130 денар. Со заеднички разговори, со мудри политики и со многу работа успеавме да се зголемуваат субвенциите и тие да достигнат 100 денари по килограм за откупен тутун, но и да се зголемува откупната цена на тутунот. Така што минатата година просечната откупна цена беше 360 денари, а дополнителната субвенција беше 100 денари што значи околу 460 денари по килограм за секој откупен тутун и за секој тутунопроизводител. Што е тоа што го имаме како ветување и слика оваа година којашто е особено тешка за тутунопроизводителите. Имаме намалување на субвенцијата од 100 на 80 денари, имаме договорена на некој начин цена од околу 370 денари меѓутоа за прва класа и процена на тутунот по класи, што значи ако земеме во просек дека најголем дел од производството е втора класа ќе биде значајно понизок откупот, односно над 300 денари ќе биде втора класа. На втора класа се воведуваат субвенции од 70 денари што значи дека многу далеку се тутунопроизводителите од достигнување на приходот којшто го имале минатата година. Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста