Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот, две години. Но, убеден сум дека ќе биде порано. Продолжуваме да инвестираме на целата територија на Македонија. Она што е важно е дека мораат граѓаните да се чувствуваат комотни, да ја вратиме надежта и она кое што е многу важно, да покажеме дека нема веќе да работиме по принципот како до сега, туку со иновативни методи ќе си ја развиваме нашата татковина, Македонија. Тоа е она кое што ние како Влада имаме намера да го правиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски по денешното поставување на камен темелник во општина Кисела Вода.
-Импресионира посветеноста на градоначалниците, морам да кажам. Ги поздравувам сите оние коишто навистина учествуваат во овој проект и ги повикувам и понатаму да бодат дел од проектите коишто ќе ги финансира Владата. Уште еднаш нека е со среќа, уште многу вакви проекти да имаме ширум Македонија, посочи премиерот.