Христијан МИЦКОСКИ
Денеска во Брисел остварив средба со новата комесарка за проширување на ЕУ, Марта Кос.
Разговаравме за стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон ЕУ.
Ние сме подготвени да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани.