ТЕСНО МНОЗИНСТВО 22О НАСПРОТИ 215: Републиканците задржаа тесно мнозинство и во долниот дом на Конгресот на САД

/ 04.12.2024

Републиканците ќе имаат тесно мнозинство од 220 спрема 215 члена во Претставничкиот дом на САД, откако демократите освоија едно место во Калифорнија, според податоците на Edison Research објавени денеска.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговите републиканци ќе ја контролираат Белата куќа и двата дома на Конгресот почнувајќи од следниот месец, откако земјата се сврте надесно на изборите во ноември и демократите ги загубија Белата куќа и Сенатот.

Демократот Адам Греј го освои 13-то место во Конгресниот округ во Калифорнија во последната трка за Претставничкиот дом на изборите на 5 ноември, според Едисон Рисрч.

Републиканците оваа недела ги изложија плановите за спроведување на агендата на Трамп веднаш штом тој ќе ја преземе функцијата.

За време на кампањата Трамп најави воведување нови царини, масовни депортации на илегалните имигранти, дерегулација на енергетскиот сектор и продолжување на даночните намалувања што ги спроведе во неговиот прв мандат, а кои истекуваа следната година.


Од истата категорија