Кина повика да се изнајде политичко решение во Сирија по симнувањето од власт на претседателот Башар ал Асад, кој беше принуден да ја напушти земјата поради офанзивата на исламистичките бунтовници.
– Се надеваме дека сите вклучени страни ќе дејствуваат во интерес на сирискиот народ за брзо изнаоѓање трајно политичко решение за враќање на стабилноста во Сирија, изјави на прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.
– Кина цврсто ќе го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет, додаде таа во врска со Тајван. Портпаролката нагласи дека островот е нераскинлив дел од Кина.