Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, во 10 МИНУТИ на ТВ21 во февруари оваа година зборуваше за закон со кој некое лице доколку има рестриктивни мерки од САД или од Обединетото Кралство, да не може да се кандидира на избори и да носи јавна функција, па дури и да му се конфискува имот.

„Ние додаваме уште во целите на законот, дека се однесува и на борбата против корупцијата и злоупотребата на службената должност, хибридните закани. Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи: Задолжителни резолуции во Советот за безбедност на ОН, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и полиферација. Ние додаваме дека за овие цели, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги донесуваме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство. Во актуелното решение како видови на рестриктивни мерки се ембарго за оружје, забрана за влез, финансиски мерки. Сега додаваме покренување на кривична постапка и преземање на мерки за обезбедување. Кога ќе има ваков правен акт, МНР, МВР и ЈО и.т.н. предлагаат до Владата да донесе одлука и за наши рестриктивни мерки. Ако е за корупција, злоупотреба на службена должност Владата е должна, односно органот што предлага да ги однесе сите факти што ги има собрано од изворот на рестрикцијата до ЈО. ЈО е должно да отвори кривична постапка и ако покрене обвинение, и судот го прифати тоа обвинение, тогаш Судот може да донесе привремени мерки за обезбедување – и тоа забрана за вршење јавна функција, вклучувајќи и кандидирање на избори и конфискација на имот и други финансиски мерки“, рече тогаш Османи.

Вчера на оваа тема во ТВ21 се дебатираше и со Арбер Адеми од ДУИ, кого беше прашан до каде е „заглавен“ законот.

„Прашајте кој го блокираше во Собранието“, рече Адеми вчера во „Дејли Клик“ на ТВ21, што значи дека најверојатно е поминат во Влада, но не и во Собрание.

Целата изјава низ видео: