Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци, информираат од прес службата на Владата.

-Ве известуваме дека на 14.12.2024 година (сабота) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци.

Вкупна вредност на проектот со ДДВ е 19.370.973,00 денари, од кои од Министерство за социјална политика, демографија и млади се обезбедени 13.936.897,00 денари, додека пак од Општина Карбинци се обезбедени 5.091.957,00 денари.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски, информираат од Владата.