Женската ракометна репрезентација на Норвешка го осови златниот медал на Европското првенство триумфирајќи над Данска во големото финале одиграно во Виена со 23-31.
Натпреварот започна во знакот на данските ракометарки, но Норвежанките не дозволија противникот да се одлепи, остана во игра па успеа и да поведе со минимални 12-13 на полувремето.
Норвешка целосно го наметна ритамот во вторите 30. минути, го скрши отпорот на противникот па без многу маки стигна до третата последователна титула.
Норвешка ја предводеше Ела Рајстад со осум голови. Шест постигна Емили Ходвен, а Камила Херем четири. За Данска, Мие Хојлунд и Ен Мете Хансен постигнаа по пет гола.