Утврдени важни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не биле земени во обзир важни факти и настани кои би можеле да влијаат во постапката.

Jавното обвинителство во своето мислење констатира дека немало основи за поведување на постапка со што се потврдува тезата дека 6 години незаконски се судени, со што се потврдува тезата дека е извршен политички прогон врз овие лица.

Да потсетиме дека со години се води постапка за терористичко загрозување на уставниот поредок против двајца поранешни министри Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и претседателот на Собранието Трајко Велјановски. Овој процес заврши со осудителна одлука во судот во прв степен. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година. Обвинетите не добија можност да се произнесат, ниту да се повикаат на амнестијата која уследи за овој случај.

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски претпреа и физички напад во притвор, додека Европскиот суд за човекови права констатираше повреда на човековите права на обвинетите во овој случај. Обвинувањата беа дека се води жестока политичка хајка против обвинетите и дека со години овој случај политички се злоупотребуваше за политичка хајка.

Овој случај од обвинителство го водеше контроверзната Вилма Рускоска на која и се препишуваат низа скандалозни одлуки. Ваквата одлука на Обвинителство на констатирање на битни пропусти во постапката води кон целосно паѓање на целиот случај, кој важи за сите познавачи на правото за жестока конструкциjа.

Извор: Курир