Почина и петтата жртва од нападот во Стразбур кој во вторникот вечерта го изврши Шериф Шекат.
Француските власти ја потврдија информацијата за смртта на лицето кое е државјанин на Полска.
Во нападот во Стразбур беа ранети 11 луѓе, а некои од нив се уште се во тешка состојба.
Во вторникот вечерта Шериф Шекат, вооружен со пиштол и нож, нападна случајни минувачи на неколку места во Стразбур, а потоа побегна. По 48 часовна потрага полицијата го уби во четвртокот вечерта во квартот Неудорф, јужно од центарот на Стразбур.