Стечајот на компаниите во Германија достигна нивоа од периодот на финансиската криза во 2009 година, предупреди Институтот за економски истражувања во Хале (IWH).

„Се движиме во период во кој што (банкротите) во поедини месеци лесно би можеле да достигнат највисоко низо во 20 години“, рече Штефен Мулер, раководител на истражување за стечај во IWH.

„За време на финансиската криза во 2009 година, бележевме околу 1.400 банкротства на партнерства и компании месечно. Сега повторно го достигнавме тоа ниво“, додаде Мулер.

Но, во 2009 година половина од вкупниот број биле несолвентни микропретпријатија со најмногу десет вработени, а денес околу 500 такви фирми се пред стечај.

Мнозинството го сочинуваат поголеми компании

Во сегашните податоци за стечајите, мнозинството го сочинуваат поголеми компании и во стечајните постапки се губи повеќе економска суштина, рече Мулер.

Истражувањето на институтот го потврдува извештајот на кредитната агенција Creditreform од декември, според кој бројот на банкроти на германски компании минатата година достигна највисоко ниво од 2015 година.

Вкупно, во 2024 година се регистрирани околу 121.300 стечајни постапки, вклучително и лични и други стечаи, 10,6 отсто повеќе отколку во 2023 година.

„Кризите од изминатите години сега ги погодуваат компаниите со временско задоцнување, во форма на стечај“, рече раководителот на економските истражувања во Creditreform, Patrik-Ludwig Hantzsch.

Дел од банкротите се резултат на пандемијата и ниските каматни стапки на ЕЦБ

„Ова значи дека бројот на банкроти наскоро би можел да се израмни со рекордните нивоа од 2009 и 2010 година, кога банкротираа повеќе од 32.000 компании“, додаде Ханц.

Шефот за истражување во IWH забележува дека дел од банкротите се резултат на пандемијата на ковид и повеќегодишниот период на многу ниски каматни стапки на Европската централна банка.

Компаниите кои некогаш имаа корист од евтиното финансирање сега се борат со повисоки каматни стапки, објасни Мулер.