Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци, крак Маврово – Дебар и Струмица – Берово. Се известуваат сите сопственици на возила на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречено работа на екипите на ЈП Македонијапат.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е укината во 11,20 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи.

ЈП Македонијапат, велат оттаму, со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

фото МИА архива