Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес оствари средба со семејствата на загинатите бранители и претставниците од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“.
-Споменот за нашите бранители, за нашите херои и нивната жртва, не смее да биде заборавен, напротив треба секогаш со гордост да ги спомнуваме, затоа што благодарение на нив ние денеска живееме во мир. Грижата, помошта и поддршката кон нивните семејствата ќе продолжи, а ќе продолжи и соработката со Здружението со кое заедно ќе ги негуваме и чуваме сеќавањата за нивните херојски дела, посочи Мисајловски.