Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе жалба за судењето на натпреварот меѓу Македонија и Холандија од страна на данската судиска двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.
Информацијата ја сподели Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој истакна дека федерацијата ќе реагира на судењето кое било некореткно.
„Досега ретко сме се жалеле, можеби двапати досега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, а без разлика на исходот, Македонија победи“, потенцира Милошевски.
На натпреварот Холандија доби 12 пенали, имаше доста спорни моменти, а Македонија заврши и со двојно повеќе исклучувања и два црвени картони.