Годинашниот Светски економски форум (СЕФ) започнува денеска, а тоа вообичаено ги дига цените за сместување, во Давос во Швајцарија.
Додека елитата од светот се собира во Давос, изнајмувањето на сместување во швајцарското планинско место вртоглаво порасна.
Според извештајот на SEMAFOR, сместувањето на Airbnb во Давос од 20 до 25 јануари чини над 900 долари за ноќ, цена за соба со заедничко купатило, а луксузните опции достигнуваат и до 16.000 долари.
Доколку, пак, се одлучите за камперско комбе, цената за двајца е 1.526 долари за ноќевање, а за студио е 3.352 долари.
За апартман со три спални соби цената е 5.365 долари за ноќ. Апартман со две спални чини 9.033 долари за ноќ, додека луксузен стан со две спални чини 17.432 долари.
Тема на годинешниот собир во Давос е „Соработка за интелигентно доба“, соединувајќи ги лидерите од целиот свет за да се справат со клучните глобални прашања и регионалните предизвици.