Голем број дојави има за поставени бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија, јавија бугарските медиуми. Дојавите се испратени по мејл и на телефонот за реакција на итни случаи (112), изјавија од МВР на Бугарија за ТВ Нова.
Станува збор дојави примени во образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Полицијата веднаш реагирала со испраќање тимови за проверки.
Учениците се изнесени од училиштата.
фото: Архива