Во сенка на интервјуто на Такер Карлсон со рускиот претседател Владимир Путин, за кое тој ја собра сета слава и критика во САД, настрана остана фактот дека Меган Кели е првата американска новинарска телевизиска ѕзведа која уште во 2018 година го интервјуираше Путин.

Путин доминираше во интервјуто, а Кели остана доследна на „критичките“ прашања кои во тој момент беа доминантни на американската политичка сцена.

Њујоркер тогаш напиша:

„Викендов, Ен-Би-Си објави речиси едночасовно интервју со рускиот претседател Владимир Путин што репортерот Мегин Кели го водела во текот на два дена, претходно во март. Во исто време, Кремљ ја пушти својата верзија на разговорот, очигледно немонтирано видео кое се појави на речиси час и половина. Се чини дека и NBC и Кремљ мислеа дека имаат со што да се пофалат. Кели постигна ретко интервју со рускиот претседател (последниот Американец кој ја имаше честа беше Оливер Стоун, чие симпатично интервју со Путин беше објавено од Шоутајм минатото лето), додека Путин успеа да ги одбрани сите работи за кои Кели поставуваше прашања. Техниката што ја употреби рускиот претседател заслужува да се забележи…“

Како и да е, интервјуто со Путин од страна на еден американски новинар, преку кое Американците можеа да видат и чујат поинаква слика за глобалната политичка сцена, од таа што се форсираше во американските медиуми, не и беше простено од американскиот естаблишмент вообичаено именуван како „длабоката држава“, па кратко подоцна и таа мораше да ги напушти мејн стрим медиумите и самостојно да ја продолжи кариерата.

Сега е главно присутна на ју туб каналот, а минатата година отворено го критикуваше Бајден и неговата администрација. Без оглед на се, останува податокот дека и денес таа е една од главните американски ѕвезди во водите на новинарството.

Во текот на посетата на Вашингтон, македонскиот премиер Христијан Мицкоски имал средба со неа за пто објави слика на својот фејсбук профил. Средба имал и со Такер Карлсон.

Целото интервју интервју на Кели со Путин погледајте го видеото.