СМРТТА НА БЛИЗНАЧИЊАТА: Внатрешната комисија од прилепската болница не најде одговорност кај лекарите

/ 24.01.2025

Нема одговорност кај здравствените работници од прилепската општа болница за смртта на новороденчињата близначиња. До ваков заклучок дошла внатрешната комисија што го истражуваше случајот.

Од болницата потенцираа дека мајката на сопствена иницијатива го прекинала болничкиот третман на бебињата. Оттаму исто така додадоа дека во следниот период потребно е да ангажираат социјален работник, за подобро функционирање на болницата.

-За време на болничкиот престој, новороденчињата биле третирани согласно принципите на медицината базирана на докази и во согласност со интерните процедури на неонатолошкото одделение, вклучително и нивниот испис на барање на родителот. Во најскоро време, потребно е да се ангажира социјален работник, кој ќе го засили тимот и ќе придонесе кон подобрување на севкупното функционирање на установата е заклучокот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп

Претходно од Инспекторатот информираа дека до Министерството за здравство ќе иницираат постапка за стручен надзор над стручната работа на болницата.

Од ресорното министерство за Канал 5 кажаа дека била формирана комисија за вршење надзор над стручната работа во болницата. Од здравство соопштија

дека ќе ја информираат јавноста за заклучоците, по завршување на надзорот и подготовка на извештајот.

Инаку, заклучокот на внатрешната комисија од болницата во Прилеп доаѓа откако ДСЗИ побара одговороност од здравствените работници од болницата, кои според извештајот на Инспекторатот, не го известиле Центарот за социјални работи кога на 10 јануари мајката со потпис, на свое барање заминала од болницата со новороденчињата предвреме родени и со мала тежина. Најавија и прекршочна постапка, а слуачјот го истажува и прилепското обвинителство.


Од истата категорија