Во селото на Дедо Мраз во Лапонија, тим од негови помошници виленици, веќе одамна читаат писма со детски желби кои секојдневно пристигнуваат, а дневно може да има и по 30.000.
Децата пишуваат дека биле умни, добри во текот на целата година и од него бараат разни подароци.
Но, оваа година и самиот Дедо Мраз упати своја желба од „Кабинетот“ во Рованиеми.
– Нашата пријателка природата веќе некое време е во неволја. Сите ние можеме нешто да и подариме – можеме да и помогтнеме да се опорави. На сите ви посакувам Среќна Нова Година, нагласи Дедо Мраз.