Портпаролката на Белата куќа, Керолajн Левит изјави дека Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) обезбедила 1,5 милиони американски долари за програми кои промовираат различност, правичност и инклузија (ДЕИ) на работното место во Србија.
Таа тоа го нарече злоупотреба и бескорисно фрлање пари, но прецизираше точно за кои програми во Србија станува збор, а наведе и колку пари се одвоени за конкретни програми во други земји.
– УСАИД е неодговорен пред даночните обврзници со децении обезбедувајќи огромни суми пари за нејасните и во многу случаи злонамерни проекти на бирократите, практично без никаков надзор, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Како слични „непотребни трошења и злоупотреби“ Левит ги наведе издвоените 2,5 милиони долари за електрични возила во Виетнам, два милиона долари за промена на полот и ЛГБТ активизам во Гватемала, шест милиони долари за туризам во Египет, 70.000 долари за ДЕИ мјузикл во Ирска, 47.000 долари за трансродова опера во Колумбија и 32.000 долари за трансродовиот стрип во Перу.
– Не знам за вас, но како американски даночен обврзник, не сакам моите пари да одат на оваа глупост, а знам дека тоа не го сака ниту американскиот народ, посочи Левит.
Додека во соопштението на Белата куќа се наведува дека администрацијата на претседателот Донал Трамп „веднаш ќе го запре ова трошење и злоупотреба“.
Неименуван извор од Белата куќа наведе дека администрацијата на Трамп планира наскоро да го информира Конгресот за неговите планови за реформирање на УСАИД и оти тој го задолжил Илон Маск да го спроведе проектот.
Во меѓувреме, државниот секретар Марко Рубио потврди дека е назначен за вршител на должноста директор на УСАИД.
УСАИД е најголемиот поединечен донатор во светот. Во фискалната 2023 година, САД исплатија 72 милијарди долари помош ширум светот, во области кои се движат од здравјето на жените во конфликтните зони до пристап до чиста вода, третман за ХИВ/СИДА, енергетска безбедност и антикорупциска работа. УСАИД обезбеди 42 отсто од вкупната хуманитарна помош на ОН во текот на 2024 година.
фото: МИА архива