Германскиот весник Шпигел објави дека негов повеќепати наградуван новинар со години објавувал лажни статии.

Во почетокот на месецот 33-годишниот Клаас Релотиус ја доби наградата „Репортер на годината“, за статија за млади Сиријци кои ја предизвикале граѓанската војна во Сирија во 2011 година.

Во неделата тој поднел оставка.

Релотиус е обвинет од свој колега со кого работел на границата на Мексико и САД, и на крајот признал дека измислувал цитати и сцени на кои не присуствувал.

Се смета дека најмалку 14 негови статии биле фалсификувани.

Шпигел објави дека се шокирани од тие лажни статии. Според нив, речиси 60 статии на Релотиус биле објавени во пачатеното издание или на сајтот. Шпигел најави истрага за да види како тие лажни статии не биле проверени од одделот за проверка на статии.