Фани Каранфиловска Пановска како извршна директорка на Фондацијата отворено општество во 2016 година добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191546 американски долари, објави Република. Во моментот, таа е заменик претседател на СДСМ, а самата изјави дека знае само два-тројца во партијата.
Документот до кој дошла редакцијата а „Република“ покажува дека парите се добиени на 1.10 2016 година, а требало да бидат потрошени до 15 .8 2021 година.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2025/02/647413.jpg)
Клучното прашање е зошто. За волку голема сума на странска помош не е наведено за која цел ќе се користат. Навистина е чудно и може да се претпоставува за што би се користеле овие средства.
Прво, симмтоматично е времето на доделувањето на парите, а тоа е крајот на 2016 година. Тоа е период еден месец пред одржувањето на парламентарните избори кога Шарената револуција имаше најголем замав и директно влијаеше на исходот на изборите на кои СДСМ не победи, но сепак ја формираше владата со големо влијание на странскиот и невладините организации кај нас и САД.
Водечка улога кај нас имаше токму Институтот Отворено општество попознат како „Сорос“ и УСАИД преку негово финасирање.
Сегашната заменик претседателка на СДСМ треба да објасни како токму нејзината организација добила странска помош. И најважното: Kаде се парите?