Утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според УХМР, времето во следните денови ќе биде стабилно и суво, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на идната недела се очекуваат локални врнежи претежно од снег.
Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има снежна покривка од 30 сантиметри, а во Маврови Анови 12.
фото: МИА архива