Со писмата што американскиот претседател Доналд Трамп ги испрати до претседателот на Србија и претседателот на Косово, практично, разграничувањето како решение за проблемот со Косово го ставил на маса, објави Блиц.
Весникот се повикува на дипломатски извори во Вашингтон, и нагласува дека влијание врз Трамп веројатно извршиле совеетникот за национална безбедност Џон Болтон и државниот секретар Мајк Помпео.
– Тоа е несомнено обид на САД да врати влијание на Балканот. Тоа што Макрон се обиде да го направи во Париз на 11 ноември сега очигледно се обидува Трамп, вели изворот за весникот.
За Брисел таквата отворена понуда на Трамп претставува големо изненадување, а САД сакаат да покажат дека ЕУ е неспособна да го реши косовскиот проблем, вели изворот на Блиц.