Студено утро и денеска, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, исто така, се очекува наутро студено, преку денот сончево време, со мала до умерена облачност. Се очекува и слаб ветер од југоисточен правец. Се прогнозира минималната температура да се спушти до -5, а максималната да достигне 9 степени.

Синоптичарите најавуваат до среда да се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури да бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег.

Утрово е најстудено во Берово, -11 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, информира УХМР.

До 08:30 часот се измерени и -8 степени во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 е на Попова Шапка и во Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Охрид и Претор, како и -2 во Гевгелија и Струмица.

Снег има и во Маврови Анови, 13 сантиметри.