Во периодот од 2022 до 2024 година, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, добила надоместоци во вкупен износ од нецели 400.000 денари од Академијата за судии и јавни обвинители, иако не присуствувала на повеќе од половина од седниците на Управниот одбор на Академијата, објавува Фокус.
Притоа, од Академијата велат дека Адеми отсуството го пријавувала непосредно пред почеток на седниците, па немало можност да биде повикан заменик-членот на УО. Таа, пак, тврди дека поканите не биле навремено доставувани, пренесе Фокус.
Според податоците што ги добил Фокус од Академијата за судии и обвинители, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Адеми била член на претходниот состав на Управниот одбор, со мандат од 29.11.2022 до 29.11.2024 година. Исто така, таа е член и на новиот, т.е. актуелниот состав на УО, кој се конституира на крајот на ланската година (30.12.2024) и има мандат до 2028 година (30.12.2028).
Целиот текст на Фокус