Од „Вијадукт Трејд“ известуваат дека и денеска се изведуваат градежни активности на Автопат А4, делница Миладиновци – Хиподром (во близина на наплатна станица Миладиновци), за што се изврши промена на режим на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта  на територија на Република Македонија, во времетраење од три дена.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица (врска со Р1307) Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

АМСМ предупредува возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои  Р-1402 на  од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.

На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци.

На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари) – Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

АМСМ апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот

Информативен центар

(02) 15 555