Поранешна претставничка на американскиот Стејт Департмент говореше во една од најгледаните десничарски емисии во САД за тоа како во првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, Македонија барала да запре американската поддршка за Шарената Револуција, но поради „бескорисноста“ на тогашното раководство, до тоа не дошло.
Катерин О’Нил Гилиган е поранешна функционерка во Стејт Департментот и во УСАИД која беше гостинка во емисијата на Тим Пул, каде се дискутираше за злоупотребите на американската дипломатија во мандатот на претседателот Обама. Според Гилиган, и во првиот мандат на Трамп имало барања да се укине УСАИД и да се запре политичкото мешање на американските дипломати во странски држави, при што таа конкретно имала средби со македонски претставници, но поради отпорот во затекнатата администрација и неснаоѓањето на државните секретари на Трамп Рекс Тилерсон и Мајк Помпео, плановите за реформи во првиот мандат на Трамп не се оствариле.
Се сеќавам, имавме луѓе од Македонија кои бараа да ја запреме нашата влада и нејзините обиди да ја урне нивната влада. За жал, бевме пренатрупани со работа, немавме никаква поддршка од горе. Тилерсон беше отпуштен прилично рано во мандатот. Помпео беше бескорисен. Затоа не можевме да сториме ништо, изјави Гилиган.
Американската поддршка за Шарената револуција почна во мандатот на претседателот Обама, а и покрај очекувањата дека претседателот Трамп ќе реагира во случаите каде американските дипломати поттикнуваа уривање на десно ориентирани влади низ светот, до тоа не дојде. Трамп започнаа со темелно размонтирање на организацијата УСАИД, преку која се спроведуваа програми за мешање во политичките прашања на странски држави, како приоритет уште на почетокот на својот втор мандат.