Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп прави „погрешни пресметки“ во врска со Појасот Газа, додавајќи дека конфликтите на Блискиот Исток се влошуваат поради „слушањето на ционистичките лаги од страна на Вашингтон“.

„За жал, Соединетите Држави прават погрешна пресметка за нашиот регион. Не треба да се впуштаме во пристап кој ја игнорира историјата, вредностите и акумулацијата на регионот“, рече тој.

Ердоган рече дека очекува Трамп да ги исполни своите предизборни ветувања да преземе чекори за мир и да не создава нови конфликти, пренесува Ројтерс.

„Го чекаме Трамп да го исполни ветувањето што го даде пред изборите. Треба да преземе чекори кои ќе градат мир, а не нова војна. Ситуацијата во Газа е навистина на исклучително чувствителна и сложена точка. Настаните во Газа предизвикуваат големи реакции во однос на меѓународното право и човековите права. Потрагата по правично решение во овој поглед секогаш треба да биде во прв план. Неприфатливо е да се отстрани палестинскиот народ од Газа. Овој план, кој ниту една муслиманска земја нема да го прифати, ги игнорира правата на жителите на Газа и Палестинците“, додаде турскиот претседател.