Треба да се знае минатото, за подобро да се предвидува иднината, звучи една парафразирана мисла од непознат автор.

– Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите непоходни средства и… Автопатот од Кичево до Охрид со сите клучки ќе биде готов до крајот на 2021 година. Ние градиме со план, изјави Радмила Шекеринска како втор човек во Владата на Зоран Заев, а денес како втор човек на НАТО, најголемата воено-политичка организација во светот.

Животот си врви, автопатот за Охрид чека чочек за свечено пуштање во употреба и многу години по изјавата на Шекеринска.

Таа сега е актуелен заменик генерален секретар на НАТО, на чие чело е Марк Руте. Ние чекаме да се повозиме по автопатот што Шекеринска ни „го отвори“ пред четири години, а светот нови предвидувања на заменик-генералната секретарка на Алијансата.

Видеото може да го отворите ТУКА.

(Д. Г.)