Обвинителството потврди дека утринава се извршуваат претреси на повеќе локации во рамки на новата акција.

-Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје, информираат од ОЈО ГОКК.

Подетални информации во текот на денот.

Курир претходно објави дека според првичните информации, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите кои работеле незаконски и формирале организирана криминална мрежа.

Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андонов Сокол и неговиот заповедник.

Лицата опфатени со оваа акција се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување, овозможување бегство на лице лишено од слобода, противзаконско ослободување на лице лишено од слобода и соизвршителство.

Андов Сокол пред да биде именуван за директор на затворот во Шутка во 2020 година му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.