Најмалку петмина рудари загинаа и 10 се повредени во експлозија на метан во рудник во североисточниот дел на Чешка, соопшти портпаролот на компанијата која управува со рудникот Иво Целеховски.
Уште осум лица се водат како исчезнати, додаде тој.
Експлозијата се случила во дел од рудникот што се наоѓа на околу 800 метри под земја.