-Денеска и утре, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и колегите министри присуствуваме на унгарско – македонскиот владин самит во Будимпешта.
Ги зајакнуваме врските помеѓу двете земји и народи.
Нашата заедничка заложба е да работиме за подобра иднина на нашите држави и на регионот во целина, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.