Драматичната комедија за младата стриптизерка „Анора“ од Бруклин, режирана од страна на Шон Бејкер е победникот на деведесет и седмото доделување на Оскарите.
Номиниран во шест категории, „Анора“ ги освои наградите за најдобар филм, режија, монтажа, сценарио, како и за најдобра женска улога за што беше наградена 25 годишната Мајки Медисон.
Со тоа, режисерот Бејкер стана рекордер, освојувајќи 4 награди со еден филм.
Водителот на Оскарите, Конан О’Брајан, за време на доделувањето на Оскарите се пошегуваше за односот на Доналд Трамп со Владимир Путин, велејќи дека „се противи на моќен Русин“.
-„Анора“ има убава ноќ. Ова е одлична вест. Веќе две победи. Претпоставувам дека Американците се возбудени кога ќе видат некој конечно да му се спротивстави на моќниот Русин“, додаде тој.
Едриен Броди го освои вториот Оскар во кариерата за главна улога во филмот „Бруталист“, во кој толкуваше улога која го прикажува животот на еден евреин во САД по Холокаустот.
Оскарите за споредни улоги ги однесоа Киран Калкин за филмот „Вистинска болка“ и Зои Сaлдања за улогата во филмот „Злобница“.
Награден беше и блокбастерот „Дина“ на Денис Виланев за визуелни ефекти и тон. За најдобар филм кој не е од англиско говорно подрачје е прогласен бразилскиот „Се уште сум овде“, а победникот меѓу документарните филмови е „Нема друга земја“.