Мустафа Хајрулахи денес поднесе кривични пријави против своите колеги. Имено, Хајрулахи беше шеф на Вишото скопско обвинителство.

-Ве информирам дека денеска поднесов кривична пријава против Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Република Македонија, Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик, информира Мустафа Хајрулахи.

Вишиот обвинител Хајрулахи е суспендиран од раководната позиција во Вишото обвинителство, а зад затворени врати со седум гласа „за“ Советот на јавни обвинители, ја отфрли жалбата на Хајрулахи кој бараше укинување на одлуката за негово оддалечување донесена од државниот обвинител.