Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија, со цел да се гарантира мирот во земјата, било истакнато на брифинг во МНР.

Според извори од министерството, одлуката е донесена од безбедносни причини, имајќи предвид дека како членка на НАТО, земјата мора да избегне регионален безбедносен вакуум.

Дополнително, допрва ќе се одлучува дали ќе продолжи воената помош што Македонија ѝ ја дава на Украина за одбрана од руската агресија.

Иако државната позиција останува непроменета – дека Русија спровела воена агресија врз Украина – во МНР сметаат дека е време за дипломатија и мир.

Притоа, земјата принципиелно ќе поддржува секоја иницијатива насочена кон изнаоѓање на мирно решение.