Лажна вест е дека Владата јадела ракчиња и лосос, затоа што беше јасно ставено до знаење дека се работи за рамковна спогодба за набавка на храна, која се набавува доколку има потреба за посета на делегации, а не дека таква храна навистина е набавена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем тоа е истата јавна набавка која ја правела и владата на Венко Филипче. Само има една крупна разлика, а тоа е што Венко Филипче јадел ракови, школки и лососи со украдените пари, истите тие пари со кои сега Зоран Заев гради згради во Дубаи, а Венко Филипче ги троши парите од крвавите тендери и „Стабри“ провизиите кои ги правеше додека беше министер, а илјадници луѓе ги загубија своите животи во ковид кризата, посочуваат од владејачката партија,

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Венко Филипче да објасни како стигна до хациенда во Нерези изградена од истата фирма која добиваше тендери кога тој беше министер за здравство?

-Како веднаш до него има куќа токму неговиот директор на Клинички центар? И како се стига до сопственички удел и банкарски сметки во Дубаи? – се наведува во соопштението.