Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови.

Во Берово изутрина во 7 часот се измерени – 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови,  -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, а 6 во Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На Попова Шапка има 15 сантиметри снег.