ВМРО-ДПМНЕ: Владата не може да го објави договорот за паркингот на Клинички зашто тој не постои

/ 09.03.2025

СДС свесно ја манипулира јавноста околу паркингот кај Клинички. Иако знае дека нема никаков договор, СДС продолжува со манипулација врз граѓаните.

Она што СДС го знае и треба да одговори е:

– Колку чинеше осмомартовскиот панаѓур на СДС?

– Од каде парите за 60тина автобуси кои патуваа празни кон Струмица?

– Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите украдени од Заев?

– Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите од фотоволтаиците на Ковачевски?

– Или парите се од провизиите за КОВИД вакцините на Филипче?

СДС треба јавно да се извини за лагите и манипулациите кои ги прави и да одговори на прашањата, се наведува во партиската реакција.


Од истата категорија