Повеќе од 30 земји се очекува да учествуваат на самитот свикан од францускиот претседател Емануел Макрон за создавање меѓународни безбедносни сили за Украина кои би биле распоредени во случај на прекин на огнот меѓу Русија и Украина, изјави денеска неименуван француски воен претставник, пренесува Гардијан.

Тој рече дека учесниците на преговорите во Париз ќе бидат поканети да кажат дали и како нивните армии би можеле да придонесат за меѓународните мировни сили, пишува лондонскиот весник. Од 32 земји-членки на НАТО, Хрватска и Црна Гора не се одзваа на поканата на францускиот претседател, а не беа поканети ниту САД, пренесува Танјуг.

Лидерите на европските земји сакаат да покажат дека Европа е способна да преземе одговорност за значителен дел од безбедносните гаранции во Украина по руско-украинскиот прекин на огнот, пишува The Guardian.