Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека Иран нема да преговара со САД се додека им се заканува, порачувајќи му на американскиот претседател Доналд Трамп да прави што сака, објавија иранските државни медиуми.
„За нас не е прифатливо тоа што тие (САД) наредуваат и се закануваат. Нема ни да преговарам со вас. Правете што по ѓаволите сакате“, рече Пезескијан.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера изјави дека Техеран нема да дозволи да биде принуден на преговори – еден ден откако Трамп рече дека испратил писмо до Иран во кое го поканил да преговара за нов нуклеарен договор.
Изразувајќи отвореност за договорот со Техеран, Трамп повторно води кампања за максимален притисок, како и во неговиот прв мандат, за да го изолира Иран од глобалната економија и да го прекине извозот на нафта.