Министерството за внатрешни работи на Република Србија објави проценка за бројот на учесници на актуелниот протест во Белград.
Како што се наведува во соопштението, според проценките на полицијата, на денешните протести на сите локации во Белград, бројот на учесници на митингот бил околу 107.000, од кои најголем број се од внатрешноста.
„Досега нема поголеми инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир, а Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до сите учесници на собирот да го зачуваат мирот и достоинството на нашата држава во наредните часови, во духот на граѓанската одговорност и почитување на законите“, соопшти МВР.
Тие подвлекуваат дека апсолутен приоритет на припадниците на Министерството за внатрешни работи е безбедноста на сите граѓани, заштитата на јавниот ред, животот и имотот и ќе направат се, во согласност со нивните овластувања, оваа задача да се изврши на највисоко ниво.